Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Клинтон: Решавање на спорот околу името предуслов за влез во НАТО (Видео)

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Понеделник, 21 Мај 2012 21:53

klinton-nato-samit-chicagoАмериканската државна секретарка Хилари Клинтон ја реафирмираше политиката на отворени врати на НАТО на средбата со колегите од Македонија, Босна и Херцеговина, Грузија и Црна Гора.
„Можноста за членство во НАТО се покажа дека е моќна мотивација земјите да применат тешки, но неопходни реформи, да разрешат внатрешни разлики, како и разлики со соседите и да придонесат во безбедносните операции од кои имаат корист тие и сите ние. Нашата политика на отворени врати произведе некои од нашите најпосветени и активни сојузници и помогна да се произведе стабилност и соработка во Централна и Источна Европа. И пошироко, онака како што НАТО растеше, Европа стана побезбедна и попросперитетна“, рече Клинтон.

Повеќе...

 

ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за измени на Уставот е обид за политичка амнестија на Црвенковски

PDFПечатиЕ-пошта

Флеш Вести

Понеделник, 21 Мај 2012 19:07

vmro-stabПредлогот на СДСМ за измена на Уставот со цел ревизија на приватизацијата претставува уште еден обид за политичка амнестија на лидерот на партијата, оценува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на Игор Ивановски.


Оттаму посочуваат дека Бранко Црвенковски е најодговорен за распродажбата на општествениот капитал во деведесеттите години и оти владата на Црвенковски го предложила законот за трансформација на општествениот капитал.

Повеќе...

 

Иванов: Во Чикаго требаше да се исправи неправдата од Букурешт

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Понеделник, 21 Мај 2012 18:30

ivanov-chicago-mkdnewsКако активен учесник во ИСАФ, Македонија ги споделува одговорностите, обврските и ризиците.Македонија истовремено очекува да ги споделува и правата и придобивките кои доаѓаат со членството.Македонија и покрај придонесот и покрај целосно исполнетите услови уште од 2008 година, е блокирана на патот кон членство во НАТО од услов кој го поставува членка на Алијансата, услов кој нема никаква корелација со критериумите за членство.

Ова го нагласи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на денешниот состанокот на шефови на држави и влади учеснички во мисијата ИСАФ (Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грузија), во Чикаго, откако состанокот го отвори американскиот претедател Барак Обама, заедно со генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.

Повеќе...

 

Уапсени десетмина приврзаници на Вранишковски

PDFПечатиЕ-пошта

Флеш Вести

Понеделник, 21 Мај 2012 16:42

vraniskoski-sudДесетмина приврзаници на поранешниот владика Јован Вранишковски биле уапсени денеска во Скопје, Прилеп, Ниже Поле и други места поради незаконско купување имот.

Се претпоставува дека во криминалот се вмешани и таканаречените владици на Вранишковски, Марко Кимев и Давид Нинов. Сепак, тие најверојатно не и се достапни на полицијата. Јави Дневник

Повеќе...

 

СМК со огорченост ја отфрла одлуката за Македонија на НАТО Самитот во Чикаго

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Понеделник, 21 Мај 2012 16:05

smk-press-5-1221 мај 2012 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со огорченост ја отфрла одлуката за Македонија на НАТО Самитот во Чикаго, не заради отфрлањето на македонското барање за членство во овој сојуз на држави, туку заради незаконската реприза на одлуката од НАТО Самитот во Букурешт 2008 година, за промена на државното име Македонија!

СМК бара итен и безусловен прекин на разговорите за државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца “Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик, туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД.

Повеќе...

 
 

Одговор на премиерот Никола Груевски на писмото од пратеничката група на СДСМ

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Понеделник, 21 Мај 2012 15:55

odgovor-grujo-na-sdsmПо реакцијата на пратениците од СДСМ на интервјуто за МИА премиерот Никола Груевски испрати реакција во која се вели:
Со должно внимание ја прочитав вашата реакција по повод моето интервју за Македонската информативна агенција, и внимателно и со почит кон вашите позиции внимавав на секој детаљ од вашето писмо. Дозволете најпрво да се заблагодарам на реакцијата и на оваа можност да разјасниме и меѓусебно, но и за пошироката јавност, одредени позиции, околу кои очигледно имаме различни видувања и ставови.

Повеќе...

 
 

„Правда“: Џезаир Шаќири повикува на герилска војна во Македонија

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Понеделник, 21 Мај 2012 15:15

hodza copyАлбанските терористи што го извршија нападот во бујановачкото село Добросин најверојатно и припаѓаат на групата на Џезаир Шаќири викан Хоџа, поранешен командант на ОВК, јавува српска „Правда“ повикувајќи се на извори добро упатени во овој случај.Во прилог на ова сомнение, како што јавува медиумот, е и фактот дека Шаќири сам најавил дека ќе се реактивира бидејќи „единствено припадниците на ОВК со искуство од конфликтот на Косово, во Македонија и на југот на Србија се способни да се спротивстават на македонските и на тајните српски служби“.

Повеќе...

 
 

Рамсфелд, Коен и Бергер до Обама: Македонија непотребно се држи надвор од НАТО

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Понеделник, 21 Мај 2012 15:13

chikago.samitРепублика Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО и е еден од најголемите поддржувачи на мисијата на НАТО во Авганистан според бројот на жители, но сепак нејзината покана во Алијансата непотребно се одложува. Ве повикуваме да ги вложите сите потребни напори, јавно и приватно, да го поткрепите македонското место во семејството на НАТО и да ги повикате другите сојузници од Алијансата да ја продолжат политиката на отворени врати за нови членки.

Повеќе...

 
 

ДПА бара предвремени избори

PDFПечатиЕ-пошта

Флеш Вести

Понеделник, 21 Мај 2012 15:00

dpaOпозициската ДПА бара итна собраниска седница на која ќе се донесе одлука за распуштање на парламентот и ќе се распишат вонредни парламентарни избори.
- ДПА се дистанцира од речникот на Никола Груевски пренесен преку агенцијата МИА , речник кој е против НАТО и одбносите со соседните држави, речник кој го урива сонот на Албанците за НАТО и ЕУ - изјави Имер Алиу од ДПА.

Повеќе...

 
 

Во Чикаго се повторуваат заклучоците од самитот во Букурешт

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Понеделник, 21 Мај 2012 14:35

nato.samit.chikagoВо декларацијата од самитот на НАТО во Чикаго, се наведува дека се повторуваат заклучоците од самитот во Букурешт во 2008 година, и ќе упатат покана до Република Македонија за членство во Алијансата штом се најде заемно прифатливо решение на прашањето за името.
Во заклучоците воедно се оценува дека брзо изнаоѓање на вакво решение, и македонското членство во НАТО, ќе придонесат кон безбедноста и стабилноста на регионот.

Повеќе...

 
 

Страница 1 од 132

Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга