Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

На скопскиот аеродром запленета голема количина скапи мобилни телефони

PDFПечатиЕ-пошта

Занимливости

mobile phoneМакедонската царина утринава на скопскиот аеродром „Александар Велики“ заплени 770 мобилни телефони од марките iPHONE, HTC, Nokia, Samsung. Од нив, за околу 240 постои сомнение дека се фалсификат, односно се прекршени правата на интелектуална сопственост.

Телефоните се најдени кај двајца косовски државјани со патни исправи од Србија и според нивните искази биле набавени од Дубаи и наменети за косовскиот пазар. Телефоните биле спакувани во четири патни торби и една хартиена кеса. Пронајдени се само апратите, додека кутиите и батериите за телефоните се претпоставува дека се транспортирани на друг начин.

Вредноста на телефоните, според документите што се пронајдени, е околу 60 илјади долари, а во малопродажба нивната цена би достигнала и над 100 илјади долари.

При распитот едното лице изјавило дека е транспортер за фирма од Косово која на банкарска сметка во Дубаи префрлила 60.000 долари со кои во готово ги купил телефоните, додека другото лице изјавило дека не се негови телефоните и оти првообвинетиот го замолил на аеродромот во Виена да му направи услуга и да пренесе една кеса.

- По документираме на целиот настан ќе се поведе прекршочна постапка и доколку во неа се утврди дека е така, се изрекува глоба и мерка одземање на апаратите. Бидејќи се работи за странски државјани постапката мора да се заврши за неколку дена, а доколку се одземат телефоните со нив понатаму ќе располага Агенцијата за конфискување имот, изјави директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.

Запленетата стока привремено е задржана.

На скопскиот аеродром запленета голема количина скапи мобилни телефони
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

2С Студио изработува секаков вид на веб страници
 
 
Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга