Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Во Охрид ќе се вари рибина чорба во казан од три тони!

PDFПечатиЕ-пошта

Занимливости

burinja-vn

Казан од три тони ќе биде поставен на просторот каде некогаш се наоѓаше охридската градска библиотека, а во него ќе се подготвува рибна чорба која ќе можат да ја вкусат посетителите на манифестацијата посветена на охридските рибари, што традиционално се одржува ден по големиот верски празник Богојавление – Водици, на 20-ти јануари, пишува „Ohridnews“.

Поради се поголемиот интерес на охриѓани и гостите за оваа манифестација, организаторот, Здружението на граѓани „Богојавление“ годинава реши наместо на Сараиште истата да се одржи на градското пристаниште.

 

Таму ќе бидат поставени штандови на кои ќе има греана ракија и вино, како и плашица. Дел бесплатно ќе се дели, а дел ќе се продава по симболични цени со цел секој кој ќе дојде да може да ги вкуси рибните специјалитети.

За Денот на рибарите ќе биде организирана изложба на риболовен алат, ќе има натпревар во фрлање сачма и ќе се демонстрира рибарење со влак. За капачите подготвени се 10 буриња со вино кои ќе бидат фрлени во езерските води.

Во завршна фаза се и подготовките за празникот Водици, кога ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро. Пријавувањето на капачите кои ќе скокаат по чесниот крст е во тек, а интерес покрај охриѓани и граѓани од другите македонски градови пројавиле и православни верници од странство, поточно од Украина.

Конечната листа ќе биде позната непосредно пред празникот, а организаторот најавува воведување поголем ред во езерските води со цел да се создадат фер услови за сите капачи кои ќе скокаат по крстот.

OhridNews

Во Охрид ќе се вари рибина чорба во казан од три тони!
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

2С Студио изработува секаков вид на веб страници
 
 
Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга