Среда, 11 Јануари 2012 14:15
Општина Охрид објави тендер за склучување договор за јавно партнерство со субјект што ќе изврши реконструкција, модернизација и одржување на јавното и улично осветлување во градот Општинската Комисија за спроведување на постапката го објави отворениот повик, со право на учество на домашни физички и правни лица, под услови утврдени во Законот за концесии и други видови на јавно-приватно партнерство и тендерската документација.
Согласно одредбите од договорот, приватниот партнер ќе треба да изврши реконструкција и модернизација на јавното осветлување со тоа што постојните светилки ќе ги замени со нови извори на светлина и при тоа ќе треба да обезбеди одржување на системот за период од 12 години. Новите светлечки тела ќе треба да обезбедат поголема заштеда на електрична енергија. Обврска на приватниот партнер е и да врши одржување на јавното осветлување за целото времетарење на договорот за јавно-приватно партнерство.
Инаку, приватниот партнер е должен да изврши реконструкција и модернизација на јавното осветлување во oпштина Охрид со монтажа на нови, поекономични светлечки тела во рок до четири месеци од денот на склучување на договорот за јавно приватно партнерство.
Инвестицијата на јавниот партнер ќе се состои во тоа што новите светлечки тела (инвестиција на приватниот партнер) ќе бидат монтирани на постојната инсталација во сопственост на јавниот партнер. Јавниот партнер за целото времетраење на јавното приватно партнерство ќе има обврска на приватниот партнер да му плаќа годишен надомест (ануитети), поделен на 12 еднакви месечни рати.
Јавното отворање на доставените понуди ќе биде извршено на 7 март годинава, во просториите на oпштина Охрид, во присуство на овластени претставници на понудувачите.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||