Понеделник, 09 Јануари 2012 21:09
Карате приказната на Македонецот Пеце Наумовски од Мелбурн доби свое монографско издание на 250 страници од авторот Ицо Најдовски - Перин.„На овие страници е сместена многу интересна, доста необична, возбудлива и несекојдневна сага. Вистинска модерна сторија, со богато испишани страници за четиринаесетте години на одличниот ученик и супер млад спортист. Пеце е исклучително вреден, упорен, весел, разговорлив и комуникативен. Но, е бескомпромисен борец со карате - ривалите, без разлика на кои мегдани и на кои меридијани по светот се одржуваат натпреварите, се манифестираат вештините и се одмеруваат силите", вели Најдовски.

Пеце е првак на Викторија. Стана и шампион на Австралија. Успех кој го повтори и во оваа 2011 година во Бризбејн. Славеше и на Тахити, кога надмоќно го освои првото место за Океанија. Во Јапонија беше трет, а на Фиџи се закити со златен медал. На игрите од земјите на Комонвелтот што се одржаа во Австралија тој го освои третото место.
Во силна конкуренција на десетгодишна возраст, по исклучително квалитетниот настап кога ги порази сите противници, Пеце станува светски првак во КГР - дисциплината на Светското првенство во Бирмингем, Обединетото Кралство. Набројувајќи ги натаму успесите на ова вредно и трофејно момче, го издвојуваме - првото место во неговата категорија и на Отвореното првенство на Америка, што се одржа во Лас Вегас во државата Невада, додека пак на Олимпијадата за млади во САД тој се закити со бронзен медал.
Осум пати бил австралиски шампион, четири пати ГКР шампион. Три пати бил Nas national all stales, АКЕ првак, ЈКФ првак, како и прв на шампионатот во текондо на Викторија. Витрините во семејниот дом на Наумовски се исполнети со многу трофеи, со златни сребрени и бронзени медали, сертификати, признанија, статуетки, дипломи, со дарови и сувенири освоени на различните натпреварувања низ повеќе земји и првенства на неколку континенти.
„Пеце веќе е носител на црн појас и прв дан во карате вештините - што е многу голем успех и престижна титула за едно така младо момче", вели Најдовски.
За извонредните успеси на карате Кидот Пеце, кој е ученик во средното училиште Томастаун во Мелбурн, пишувале многу медиуми во Австралија, во Македонија и светот. Тој гостувал на најпознати телевизиски канали и радио програми, бил на страниците од низа влијателни агенции, весници и списанија.
Извор: Макфакс
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||