Петок, 06 Јануари 2012 17:51
За Бадник, ширум Македонија, традиционално горат бадниковите огнови, кои, по народното верување, го најавуваат Христовото раѓање.Сепак, едно нешто што останува како традиција е атрактивното палење на најголемото дрво во Македонија, кое се пали во таканареченото Старец маало во Гевгелиското населено место Негорци.
По 14-ти пат, и оваа година, жителите на оваа маало запалија огромно шупливо јаворово дрво, кое гореше до длабоко во ноќта. Се работи за дрво кое е шупливо и кое не вегетира, и кои мештаните го вадат од реките кои течат околу Негорци. Многубројни жители од Негорци и од Гевгелија, како и од другите околни населени места го прославуваа Бадник, со музика и оро, варена ракија и пржена риба.
Не изостана и Дедо Мраз, кој наместо на санка, бидејќи немаше снег, дојде качен на кола влечена од магаре, и кој на насобраните деца им подели новогодишни пакетчиња. Крајот на прославата беше проследен со огномет
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||