Среда, 04 Јануари 2012 18:35
Обединетата Македонска Дијаспора назначи портпарол на оваа светска Македонска организација. Портпарол на ОМД и Директор за односи со јавноста и за комуникации е Марк Бранов од Торонто, Канада. Бранов во последниве неколку години работеше за ОМД во САД, Австралија, Канада и во Европа.Улога на Бранов ќе вклучува надзор на ОМД комуникации и публикации, и тесна соработка со претседателот на ОМД и Одборот на директори на разни нови иницијативи.
Марк Бранов е дипломиран новинар со 13-годишна кариера во образованието, бизнис администрацијата и односите со јавноста. Во 2008-ат стана уредник на списанието на ОМД „Воис Магазин“. Семејството на Бранов потекнува од Леринско,Габреш, Костурско, Егејска Македонија, а тој е роден во Торонто, Канада.
„Напорите на Обединетата Македонска Дијаспора имаа позитивно влијание врз Македонска кауза. Горд сум што се придружив на тимот којшто се посвети на интересите на Македонците во целиот свет“ - изјави Бранов. Бранов е исто така главен и одговорен уредник на весникот на ОМД Глас
"Марк доаѓа од многу патриотски македонско семејство. Ги познам Марк и неговото семејство многу години, и јас сум горд на својата силна посветеност на Македонската кауза", изјави Џим Диакос директор на ОМД канадски операции "
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||