Четврток, 22 Декември 2011 19:51
Студениот воздушен бран во Македонија го побели градот на конзулите. Снегот непрекинато паѓа 32 часа, а снежната покривка засега изнесува 30 сантиметри. Од ЈКП „Нискоградба“-Битола истакнуваат дека на сообраќајниците на подрачјето на општина Битола во последните 30 часа фрлиле 28 тони сол и 16 м3 песок-ризла за расчистување на снегот.

Битола
Во Крушево снежната покривка засега изнесува 30 сантиметри, но снегот и понатаму продолжува да паѓа.

Крушево
Првите поинтензивни врнежи од снег не предизивикаа поголеми проблеми во општина Куманово. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека врнежите од снег се минимални и не се формира снежна покривка.

Куманово
Врнежи од снег го зафатија Охрид од синоќа. Снежната покривка не е голема, но го разубави празничниот амбиент во градот. Особено привлечно изгледа украсениот центар.

Охрид
Половина метар снег има на патот кон селата Канатларци Прилепско - Подмол и на патот за селото Радобил во прилепска општина. Во градот снежната покривка изнесува околу 12-13 сантиметри.
Прилеп
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||