Среда, 21 Декември 2011 00:16
Се проценува дека низ целиот свет 12 милиони луѓе немаат националност или државјанство. Во Македонија се евидентирани 229 незаведени во матично.„Правото да се има права- правниот идентитет, граѓанската регистрација и државјанството-клуч кон социјалното вклучување на маргинализираните заедници“ е името на публикацијата која беше презентирана денес во ЕУ Инфоцентарот.
Правото на државјанство е основното човеково право и според Универзалната декларација за човековите права секој има право на државјанство и на ниту едно лице не смее да му се одземе државјанството, потенцираше министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. Особено засегнати со проблемите за обезбедување документи за лична идентификација се лицата коишто се постојани жители на државата и припадници на етничките малцинства, како Ромите.
-Проблемот на пристапот на Ромите до документи за лична идентификација е воочен во Владата на Република Македонија. Воочувајќи дека проблемот не е од техничка природа и дека е потребна политичка волја да се надмине, се формираше меѓуресорска работна група составена од претставници на Министерството за труд и социјална политика, МВР, Кабинетот на министерот без ресор, Управата за матична евиденција, УНХЦР, УНИЦЕФ, Информативен центар за граѓанско општество, Ромски невладини организации и експерти. Работната група подготви препораки до Владата за надминување на овој проблем кои треба да се имплементираат до крајот на 2012, изјави Ристовски.
Неопходно е за секој граѓанин да постои прецизна евиденција, да се има потврда за идентитет, велат од МВР.
-Сето ова е важно, како од аспект на поединецот за остварување на одредени права, така и од аспект за заштитата на интересите на државата која има обврска да обезбеди еднакви права и еднаква заштита за сите нејзини граѓани, изјави Надица Велевска, началник на одделот за управно-надзорни работи при МВР.
Лицата кои немаат документ за сопствена идентификација се соочуваат со многу големи проблеми. Тие не можат да користат здравствено осигурување, не можат да завршат некакво образование, немаат право на глас, смета в.д. Шеф на делегацијата на ЕУ, Дитер Тиел.
Публикацијата која беше претставена вчера има за цел да ги претстави клучните и деталните наоди од целиот период на имплементација на регионалниот проект имплементиран од УНХЦР и неговите имплементирачки партнери.
Извор Курир
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||