Сабота, 17 Декември 2011 17:16
Срцето на жената од СДСМ секогаш било големо и хумано. Ова е една од нашите акции за помош на сиромашните во топла облека и обувки“, изјави Цветанка Ласкова, координатор во Клубот на жени на СДСМ на почетокот на хуманитарната акција за донирање на облека и обувки која се спроведува во цела Македонија. Ласкова им се заблагодари на сите жени од СДСМ, од невладините организации, од другите партии и на сите непартиски определени жени кои им се приклучија. Ласкова рече дека акцијата „Дарувај од срце“ се спроведива во сите градови во соработка со Црвениот крст.
„Како што гледате, срцето на жената социјалдемократка, секогаш било многу големо и хумано. Ова е една од многуте акции што жената социјалдемократка ги покренала-да собере нешто во оваа сиромаштија, да собере топла облека и обувки за оние на кои најмногу им е потребно.
Им благодарам на сите жени од СДСМ, нашите членки. Им благодарам на сите жени од невладините организации, од другите партии, жените борци, уметници, симпатизери, на сите кои денес ни се приклучија заеднички да даруваме од срце.
Воедно сакам и да ве известам дека оваа акција „Дарувај од срце“ се спроведе во сите големи градови во Македонија. Но, сами не би можеле без помош на Црвениот крст. Со Црвениот крст одамна соработуваме и ќе продолжиме и понатаму за се што е потребно на сите во Република Македонија“ Изјави Цветанка Ласкова, координатор на Клуб на жени
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||