Четврток, 15 Декември 2011 16:18
Стеван Козмевски за еден глас ја победи Гркинката Крис Павлидис за градоначалничката функција во општината Витлси во Мелбурн,Австралија .Козмевски за функцијата беше избран во средата со мнозинска поддршка на членовите на Советот ,откако во општинскиот совет доби повеќе гласови од противкандитката Крис Павлидис од грчко потекло.
Наспроти соперничката со грчко потекло која од советот доби 4 гласа, македонецот доби еден повеќе. По гласањето Павлидис рекла дека е збунета од тактиката која советниците ја користеле на состанокот. 43 годишниот македонец Стеван Козмевски на градоначалничката функција доаѓа по 14 години работа како советник во општината.

За оваа функција бил номиниран од страна на неговиот предходник Рекс Гривин. Емигрирал во Австралија во 1965 година, и е вториот Македонец на градоначалничка функција. Првиот градоначалник македонец во австралија е Бил Саравиновски кој е првиот човек во општината Рокдаел.
Стеван Козмевски на функцијата ќе остане до 27 октомври следната година. Општината со која ќе раководи брои 170 000 жители и располага со буџет од скоро 124 милиони долари.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||