Недела, 11 Декември 2011 05:00
Охрид е хит дестинација за дочек на Нова година. Охридските хотели се речиси целосно исполнети, во најголем дел со гости од соседните држави, јавува „Ohridnews“.„Хотелите „Метропол“ и „Белви“ во овој момент се исполнети над 90 проценти. Најбројни се гостите од Србија, Бугарија и Грција, а интерес има и од домашните туристи“ изјави менаџерот Филип Мишески.Во двата сместувачки капацитети на „Климетица“ исполнетоста е преку 80 проценти.
„Главно тоа се гости од Црна Гора и Србија, а дел од аранжманите се продадени на домашни туристички агенции“ изјави Љупчо Цветаноски од хотел „Климетица“.Околу 70 отсто од резервациите се продадени и во хотелот „Тони“, каде исто така најбројни се гостите од балканските држави.
„Со оглед на интересот очекуваме деновиве да бидат продадени и преостанатите аранжмани за новогодишните празници“ истакна менаџерот Владо Секулоски.Речиси целосно исполнет е и хотелот „Силекс“ кој деновиве ја промовира програмата за дочекот на Новата година.
„Оваа Нова година во Охрид ќе биде екстра одлична исполнетост. Нашиот објект е 90 отсто продаден на гости од Србија и Црна Гора, а има интерес и од домашните туристи“ изјави менаџерот Тоше Чочороски.Главно охридските хотели нудат тридневни аранжмани за Нова година, чија цена се движи од околу 110 до 160 евра по гостин.Познати се и најголемиот дел од естрадните уметници кои ќе настапат на градскиот плоштад за дочекот на Нова година.Како што неофицијално дознаваме охриѓани и гостите на плоштадот ќе ги забавуват Ѓоко Танески, Кербер, Денис Мурат и Аренси бенд, а се чека потврда од уште едно звучно име од домашната музичка сцена.
Фото Охрид news
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||