Петок, 24 Септември 2010 00:34

Генијалец заборавен од државата. 23-годишниот Благојче Талески од селото Подвис кај Крушево на јавноста и стана познат во 2007-ма кога на свои 20 години измисли топ од цевка на амортизер од автомобил со кој по грешка кога експериментираше урна дел од покривот на соседите.
„Уште од мал измислував како да пукам, како да измислам нови оружја и така тогаш ја направив таа цевка, но згрешив што внатре ставив челично зрно и направив проблем“, кажува Благојче Талески.
Но, по тој настан државата за жал наместо да го поддржи неговиот талент таа го осуди на две години условен затвор и му забранила да продолжи да истражува.
„Сега не смеам да работам, по мојата грешка ми направија забрана да експериментирам, наместо да ме побараат некаде да работам да направиме нешто за корист за државата тие ми ставија забрана“, вели Талески.
Сега наместо во лабораторија бидејќи нема услови и пари, своите експерименти ги изведува во соба. Постојано ги следи иновациите и сам може да направи експлозивни материјали од разни хемикалии.
„Хемикалиите се скапи, има супстанции и киселини кои се движат и по 50 до 100 евра, но јас немам пари да ги купам“, додава Талески.
Зборува турски, учи арапски, изработува икони од специјален восок, а прави и макети на цркви. Измислил и своја азбука која има 33 букви. Сака да ја патентира и да ја понуди на „Мајкрософт“. Ја направил за да може да препишува на училиште за да не знаат професорите што пишува на листовите кои ги носел.
„Тестови кога ќе правевме, писмени работи, јас си правев подготовка од дома, си пишував на лист се што треба со мојата азбука и листот го оставав да стои на клупа за да препишувам, професорите кога ќе дојдеа не знаеја што е тоа и го оставаа“, со смеа објаснува Талески.
И додека другите држави ваквите мултиталенти ги вработуваат и школуваат, нашата држава ги заборава. Талески се надева дека еден ден некој ќе го забележи неговиот талент и ќе му помогне да стане иноватор за артилериски орудија.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||