Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Во Канада ќе се слави Илинден како официјална државна прослава

PDFПечатиЕ-пошта

Занимливости

Канада ќе го слави Втори август. Владата во Отава одлучила, досегашното празнување на македонската заедница да прерасне во официјална државна прослава.

По САД, Франција и Швајцарија, Македонија ќе се вклучи во редот на држави чии празници официјално се слават во Канада.

- Ова е резултат на политиката на Македонија со Канада и на градењето на взаемно добрите односи помеѓу двете држави. Во иднина очекуваме уште поголема поддршка на Канада за Македонија - вели Љубен Тевдовски, амбасадор на РМ во Канада.

За Македонија годинава ќе свири и кралската гарда облечена во свечени униформи и придружувана од традиционалните гајди. Во официјалната програма ќе биде вклучено и традиционалното менување на знамињата. Македонците во Канада оваа година празникот ќе можат да го прослават пред канадскиот парламент.

- Годинава Втори август ќе го прославиме пред канадскиот парламент, а оркестарот на Кралската гарда ќе свири македонски и канадски песни - додава Тевдовски.

Македонците во Канада славењето на празникот ќе го започнат ден претходно на први август. Во близина на Торонто и годинава ќе се соберат на пикник. На оваа заедничка дружба се очекува да се соберат неколку десетици илјади Македонци.

Во Канада ќе се слави Илинден како официјална државна прослава
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

2С Студио изработува секаков вид на веб страници
 
 
Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга