Недела, 25 Јули 2010 06:36

Веќе десетина дена во домовите на стружани се појавуваат жаби. Иако се мали по големина ги има на сите страни. Излегуваат од секаде, од секоја дупка на ѕидовите и дворовите.
Се појавуваат рано наутро и доцна навечер по заоѓањето на сонцето. Стружани раскажуваат дека вакво нешто не паметат 30 години. Доколку вратите се отворени ни влегуваат во домовите, ги има многу и навистина не знаеме како да се справиме со оваа појава, раскажуваат стружани.
„Ако може да се најде некое средство, да се најде некое чаре. Можеби не се опасни, мали се но вознемируваат. Скокаат упорно за да влезат и внатре. Излегуваат од сите страни и ги има најмогу на пониските места, пред вратите од подрумите. На почетокот се изненадив мислев дека е затоа што имаме канал покрај куќа, дека можеби е од тоа. Но, гледам дека секој ден проблемот е ист.“
„Има. Секој ден ги има. Има и во дворовите“.
„Навечер најмногу излегуваат бидејќи на сонце не се појавуваат. Мали се по големина, ептен се мали, ситни се многу. Се појавуваат покрај тревата и најмногу ги има после дожд кога времето е врнежливо. Друга година немало вакво нешто. Годинава ги има многу“.
И екологистите се изненадени од ваквата појава. Но, имаат неколку објаснувања.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||