Сабота, 24 Јули 2010 09:00

Синоќа во Охрид беше отворена изложбата под наслов "По патеките на хуманоста " на сликарот Мајкл Клос, Канаѓанец со македонско потекло.
- Оваа година е особено важна за нас бидејќи доаѓаме во Македонија и ги изложуваме нашите слики по петгодишна пауза, вели сопругата на Мајкл Клос, Менка Клос.
- Секоја жена е Мајка Тереза, изјави за Инпрес Клос, кој синоќа на секоја жена која ја посети изложбата и подари негов цртеж за нејзината хуманост и пожртвуваност во семејството и пошироко.
Мајкл Клос претходно своите дела ги изложи во Битола, а по Охрид, ќе излага во Демир Капија и Гевгелија, и на крај во Скопје во куќата на Мајка Тереза.На изложбата што се одржа во експозитурата на "Инвест банка" во комплексот Летница во Охрид како посебен гостин беше и Стојан Тренчевски од Фондацијата "Мајка Тереза".
Изложени беа 100 оригинални цртежи и 20-тина платна, а се организираше по повод стогодишнината од раѓањето на големата хуманистка Мајка Тереза
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||