Недела, 29 Јануари 2012 20:48
Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е прогласен за најдобар стрелец на Европското првенство во Србија со 61 гол.
Европската ракометна федерација по свои, нејасни, критериуми не го смести нашиот капитен Кире Лазаров во Тимот на соништата на Европското ракометно првенство.
Лазаров со 92 гола постигна рекорд и на Светското првенство во 2009 година, и со тоа е единствен играч во ракометната историја кој го држи рекордот на два турнира.
Во Тимот од соништата на ова ЕП не се најде ниту еден играч од Македонија, иако сме петти. Наместо тоа Федерацијата одлучи во Најдобриот тим да смести играчи и од репрезентации кои се пласираа и зад нас.
Според одлуката на ЕХФ во Тимот до соништата се Дарко Станиќ (Србија) – голман, Валур Сигурдсон (Исланд) – лево крило, Микел Хансен (Данска) – лев бек, Урош Зорман (Словенија) – среден бек, Рене Тофт Хансен (Данска) – пикер, Марко Копљар (Хрватска) – десен бек и Кристијан Шпренгер (Германија) – десно крило.
| < Пред | Следно > |
|---|