Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Вечерва ракомет Македонија -Чешка

PDFПечатиЕ-пошта

Спорт

zakogoМакедонија мора да слави вечерва над Чешка доколку сака да се пласира во следната фаза од Европското првенство.
Преку 5.000 Македонци се присутни во Ниш за да им искажат поддршка на избраниците на Шундовски, како во салата, така и низ улиците , да направат македонските ракометари што повеќе да се чувствуваат „како дома“, а сите многу добро знаеме како игра Македонија на свој, а како на гостински терен, во било кој спорт. 

Сите овие фанови не отпатуваа за на крајот да го слушнат изговорот “добро е што стигнавме и до овде“, туку за да се радуваат на успех.

Можеби дуелите со Шведска и Германија не беа од пресудно значење, но вечерашниот натпревар со Чешка дефинитивно може да се оцени како еден од најзначајните за оваа генерација. И ете шанса Лазаров да блесне во светлото во кое што сме навикнале да го гледаме, да донесе победа и да ги замолчи сите оние што го критикуваа.

Затоа што, после овој меч, веќе ќе нема шанса за поправен. Пораз или реми против Чешка значи елиминација, па добивање на потежок противник за следното Светско Првенство, со што ќе се намалат и шансите за учество на мундијалот. А бидејќи оваа генерација се ближи кон крајот на својот “циклус“, а елитни млади ракометари немаме од поодамна, јасно е зошто овој меч е “да се биде или не“ за Македонија.

Вечерва ракомет Македонија -Чешка
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга