Вторник, 17 Јануари 2012 22:45
Водството на македонската ракометна репрезентација поднесе приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради поништениот гол на Кире Лазаров во последниот шут за реми на дуелот со Германија, вечерва. „Уплативме 1.000 евра и поднесовме приговор.
Топката 20-30 сантиметри беше внатре во голот по шутот на Лазаров. Со оглед на тоа дека Германија ни е противник, не веруваме дека ЕХФ ќе смени нешто. Но наше е да се обидеме“, изјави Драган Начевски, координаторот на машката репрезентација. Според пропозициите за материјална повреда на правилата, мечот треба да се преигра.
| < Пред | Следно > |
|---|