Red Purple Black
Банер
Банер

Ватерполистите го загубија натпреварот со Грција

PDFПечатиЕ-пошта

Спорт

vaterpoloМакедонија го загуби мечот со Грција со 10:6 во рамки на Европското првенство во Ватерполо кое до 29 јануари ќе се одржи во холандскиот град Ајндховен.

Целиот натпревар од второто коло, грчката репрезентација беше во предност.
Полувремето заврши со 5:1 во нивна корист, а македонскиот тим првиот гол го постигна во втората четвртина.

Грчката екипа забележа пад во играта во текот на третата четвртина кога успеа да постигне само еден гол. Четвртата четвртина беше најдобра за ватерполистите на Македонија, односно за осум минути успеаjа да постигнат три гола и да ја намалат разликата пред крајот на дуелот.

Екипата на Грција постигна четири гола од пенал и шест од игра. Најефикасен играч во македонскиот состав беше Саша Мишиќ со постигнати 2 гола од игра.

Утре е слободен ден за македонската селекција. Во четврток во Ајндховен, репрезентацијата на Македонија ќе одигра со олимпискиот шампион Унгарија, по што следуваат Италија и домаќинот Холандија.

Во првото коло вчера, репрезентацијата на Македонија ја победи селекцијата на Турција со 16:4. Македонскиот тим доминираше во текот на целиот натпревар и ја имаше убедливата предност.

Во останатите два натпревари од оваа група ќе играат Холандија – Унгарија и Италија – Турција.

Во „Б“ групата двојките за денеска се: Србија - Германија, Шпанија - Романија и Црна Гора - Хрватска

Ватерполистите го загубија натпреварот со Грција
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга