Понеделник, 16 Јануари 2012 15:02
Со убедлив триумф од 16:4 Ватерполо репрезентацијата на Македонија ја декласираше селекцијата на Турција на стартот на Европското првенство што се одржува во Ајндховен, Холандија.
Македонија на стартот од настапите во групата А на Континенталниот шампионат ја оправда фаворитската улога против Турција, контролирајќи го резултатот во текот на целиот меч, а на крајот остварувајќи убедлива победа.
Првиот период го добивме со 3:1, вториот со 2:0, додека во третиот период не примивме гол а постигнавме дури 6. Последната четвртина беше најизрамнета 3-2. или конечни Македонија 16 - Турција 4. Најпрецизни во нашиот тим беа Ранчиќ и Летица со по 4. голови
Утре во 2. коло Македонија ќе игра против Грција..
| < Пред | Следно > |
|---|