Среда, 23 Ноември 2011 18:24
Откако ТВ Канал 5 објави сторија за македонскиот најдобар маратонец во која беа изнесени лошите услови во кои живее, конечно проработи хуманоста кај македонските компании и институции.
Македонскиот најдобар маратонец, Ѓорѓи Трендафилов ќе добие помош. Тој нема да треба да се грижи за условите за тренинг, а ќе добие и помош за бегање од социјалното дно. Откако ТВ Канал 5 ја објави сторијата за Трендафилов во која беа прикажани лошите услови во кои живее македонскиот маратонец, проработе хуманоста кај македонските граѓани, но и кај институциите.
-Не сакав на ваков начин да кажам дека едвај преживувам, но што ми преостана. Се јавија од Агенцијата за млади и спорт кои ветија помош, а и од ЕВН исто така, вели Трендафилов за Канал 5, кој притоа додава дека првата помош ја добил од извесен струмички бизнисмен.
Со оваа ветена помош се враќа надежта кај нашиот маратонец дека ќе биде дел од Олимписките игри во Лондон. Според информациите, Агенцијата за млади и спорт преку локалниот клуб на атлетичари ќе се погрижи отсега Ѓорѓи да ги има сите услови за тренинг, од опрема до витамини и јаглени хидрати.
-Ја сакам државата, сакам да се натпреварувам за мојата татковина, имам предиспозиции за летните Олимписки игри во Лондон, само да обезбедам услови, вели Ѓорѓи Трендафилов, за Канал 5.
| < Пред | Следно > |
|---|