Red Purple Black
Банер
Банер

Кесковски победник на интернационалниот Кендо куп „Трофеј Белград“

PDFПечатиЕ-пошта

Спорт

keckoskiВладимир Кесковски член на македонската младинска кендо репрезентација го освои првото место на меѓународниот Кендо куп „Трофеј Белград“ кој се одржа во текот на изминатиов викенд. Кесковски до златото дојде со победи на сите седум борби.

Македонскиот кендо репрезентативец настапи и во сениорска конкуренција. Со шест победи стигна до четвртфиналето каде беше поразен. За одличниот настап тој е награден со одликувањето „Борбен дух“.

- Имав одличен ден и го дадов најдоброто од себе. Златниот медал и наградата за борбен дух, ги посветувам на иницијативата МАКЕДОНИУМ за зачувување на нашето име Македонија. Ние имаме дух, ние имаме сила, ние сме Македонци, изјави Кесковски.

Во престолнината на Србија се појавија 300 натпреварувачи од 10 држави.

Македонија на овој спортски настан беше преставувана од уште пет други репрезентативци. Во екипна конкуренција македонската репрезентација се пласира на 5-тото место.

Кесковски победник на интернационалниот Кендо куп „Трофеј Белград“
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга