Среда, 12 Октомври 2011 20:33
Со трката што на 11 октомври се возеше во Куманово и официјално беше ставен крајот на натпреварувачката сезона во македонскиот шампионат во велосипедизам. Стефан Петровски од тимот на Вело-М Куманово е новиот шампион на Македонија, откако овој велосипедист успеа да триумфира и на последната трка низ улиците на Куманово. Второто место во генералниот пласман го освои Горан Кузмановски, додека третата позиција му припадна на Зоран Ристевски.
| < Пред | Следно > |
|---|