Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Навивачите „Балисти“ предизвикале пожар откако не биле пуштени на натпреварот Вардар – Шкендија

PDFПечатиЕ-пошта

Спорт

Полицијата извести за инциденти поврзани со натпреварот Вардар Шкендија кој се одржа вчера.Вчера околу 13,00 часот, во близина на наплатната рампа с. Глумово, на стариот пат Скопје-Тетово, група на навивачи од навивачката група „Балисти“, навивачи на ФК Шкендија од Тетово, запалиле и на десната страна на патот фрлиле три – четри факели при што е предизвикан пожар и зафатена е сува трева од околу 30-40 м2соопшти МВР. 

Групата навивачи, на лице место пристигнала со четири патнички возила – комби и откако не биле пропуштени да го следат фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на „ФК Вардар“ и „ФК Шкендија“, излегле од возилата и ги запалиле факелите. Пожарот е локализиран од БППЕ-Скопје како и полициски службеници. 
 
При гаснењето на пожарот, командирот на ПС Ѓорче Петров, се здобил со изгореница на десната страна од градниот кош за што му е укажана лекарска помош во Градската болница „8-ми Септември“ во Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои го предизвикале пожарот. Материјалната штета ќе се утврди дополнително. 
 
Полицијата исто така соопшти дека на градскиот стадион “Филип Втори Македонски“, бил нарушен јавниот ред со насилство и недостојно однесување на спортскиот натпревар помеѓу екипите на ФК “Вардар“ од Скопје и ФК “Шкендија“ од Тетово, со тоа што припадници на навивачката група “Комити“ во текот на првото и второто полувреме палеле факели, кои биле фрлени на теренот.СВР-Скопје превзема мерки за расчистување на случајот. 
Навивачите „Балисти“ предизвикале пожар откако не биле пуштени на натпреварот Вардар – Шкендија
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга