


Недела, 18 Септември 2011 17:32
Спорт

Нашите кошаркари не успеаа да се реваншираат на репрезентацијата на Русија. Откако несреќно бевме поразени во последните секунди од првиот натпревар среќата ни го сврти грбот и не беше наш придружник на овој натпревар.
Трите брзи лични на Самарџиски допринесоа да имаме слаб скок под кошевите во првиот дел, па затоа и резултатот беше во корист на Русија по првите две четвртини.
Без разлика на фактот дека заспани го започнавме првото полувреме, во второто игравме далеку подобро, но не доволно за победа. Ги изнамачивме русите кои на крај славеа со 72:68.
Бо одличен, Антиќ исто така, добар и Илиевски. Честитки за сите!
