


Четврток, 15 Септември 2011 14:14
Спорт
Македонските кошаркари за престижната награда беа номинирани од спортската редакција на Канал 5.
Македонската кошаркарска репрезентација е номинирана за наградата за најдобри промотори на Македонија во светот. На списокот на номинирани промотори се наоѓаат и младиот каратист од Австралија Петар Наумовски ,како и маестро Симон Трпчевски.
Меѓународната фондација ,,Мacedonia loves you,, годинешната награда ја поврзува и со дваесет годишнината на независноста на Македонија,така што од минатиот месец сите во светот што ја сакаат и почитуваат Македонија избираат и најдобри фотографии и видеа на тема,, Македонија,,.
За македонските кошаркари ,кои за престижната награда беа номинирани од спортската редакција на Канал 5 ,како и за другите номинирани , до 15 ноември годинава ќе може да се гласа на порталот ,,macedonialovesyou.com,,. Изборот е отворен, јавен и се организира секоја втора година, како биенален настан. Сите награди се почесни. Победниците ќе добијат специјални медали и титула “Најдобар промотор на Македонија”
