


Недела, 12 Септември 2010 16:03
Спорт

Николовски седми на СП во кајак слалом најдобриот македонски кајакар, олимпиецот Атанас Николовски го освои 7-то место на Светското првенство во кајак слалом во Љубљана.
Откако ги изненади конкурентите со најдобро време во полуфиналното возење, во финалната трка Николовски имаше по проблематично веслање.
Со време од 101 секунда и 99 стотинки, во кои се вклучени 6 казнени секунди, задоцни речиси 12 зад новиот шампион Даниеле Моменти од Италија.
Проблемите на македонскиот кајакар дојдоа во вториот сегмент од финалното возење кога ги заработи 6-те пенал секунди.
Дотогаш, на првото мерно време држеше резултат за сребро.
Претходно, во утринското полуфинале николовски ја извозе можеби трката на својата кариера, освојувајќи го првото место меѓу 40-те кандидати за финалето, со резултат 92.25, доволен за сребрен медал во финалната конкуренција.
На крај среброто му припадна на Борис Неве од Франција, а бронзениот трофеј на Словенецот Јуре Меглиќ и двајцата со време под 94 секунди.
Според законот за спорт во Република Македонија, со пласманот меѓу првите 8 на сениорско Светско првенство, Николовски ги исполнува условите за добивање спортска стипендија.
