Вторник, 08 Мај 2012 22:35
Екипата на Работнички е последниот полуфиналист во следната фаза од "плеј-офот" во машка конкуренција, откако вчера во реванш натпреварот во првата фаза од разигрувањето со максимални 3:0 го елиминираше конкурентот Лирија.
Четврток, 26 Април 2012 20:36
Македонскиот ракометен Шампион Металург попладнево во салата „Автокоманда“ победи во дерби натпреварот со директниот конкурент за титулата Вардар со резултат 26-17.
Избраниците на Лино Червар мораат да бидат горди на своето издание во второто полувреме, кога цели шеснаесет минути не му дозволија на противникот да постигне ниту еден гол, успевајќи да си обезбедат удобна предност и убедлив триумф.
Вторник, 24 Април 2012 00:13
Македонскиот репрезентативец во дресот на Марибор, Агим Ибраими постигна атрактивен погодок директно од корнер .Неговиот тим денеска го декласираше Триглав совладувајќи го во натпревар од словенечкото првенство со 8:0 и на најдобар можен начин ја потврдија новата титула во клупската историја.
На пет кола до крајот, Марибор има недостижна предност, па Ибраими и неговите соиграчи започнаа да ја прославуваат јубилејната десетта титула.
Меѓу другото, Ибраими потсети на легендарниот гол на Артим Шаќири кој беше постигнат на натпреварот меѓу Англија и Македонија во Саутемптон.
Сабота, 21 Април 2012 08:37
Вчера во просториите на СЦ “Борис Трајковски”, се одржa Форум на тема “Состојбите во спортот и насоки на дејстување”. Учество на Форумот земаа носителите на Национално спортско признание-спортска пензија. Форумот се отвори со едноминутно молчење за убиените деца кај Железарското езеро.Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски со поздравен говор го отвори форумот во кои им се заблагодари на спортистите за сите големи успеси кои ги направиле под знамето на Република Македонија.
Петок, 06 Април 2012 15:47
Слабата одбрана, големиот број на технички грешки, како и некреативноста во нападот посебно во моментите кога имавме играч повеќе му кумуваа на поразот кој значително ги намали шансите за пласман на Олимпијадата во Лондон.
28-26 (15-13) на првиот меч од предолимискиот турнир во Гетеборг, Шведска помеѓу ракометна репрезентација на Македонската и Унгарија.
Страница 1 од 8