Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Невозможно е решение под притисок

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Македонија е соочена со неразбирлив притисок да се откаже од природното и основно право на секоја заедница да го избере своето име, но практично е невозможно под притисок да се постигне решение кое би ја содржело позицијата само на едната страна.

Таква оценка изнесе македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски осврнувајќи се на грчко македонскиот спор  за името на Македонија, во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), што се одржува во Будва, Црна Гора.

Пред своите колеги од 18-те земји членки на ЦЕИ Милошоски  го истакна  проблемот на Македонија на патот кон ЕУ  и нагласи дека постојани приоритети на нејзината надворешна политика се  градење добрососедски односи  и придонес за регионалната стабилност. 

- Веќе петта година имаме статус на држава кандидат, имаме и препорака од Европската комисија за почеток на преговори за членство. За жал, токму во нашиот случај европските вредности не наоѓаат плодно тло и сме соочени со неразбирлив притисок да се откажеме од инхерентното право на секоја заедница да го избере своето име. Во таа насока го очекувам вашето разбирање дека е практично невозможно под притисок да се постигне решение, кое би ја содржело позицијата само на едната страна, рече Милошоски.

Македонската Влада, најави тој, ќе продолжи да биде проактивно ангажирана за унапредување на односите со сите соседи, особено со членките на Европската унијa.

- Република Македонија умее да ги решава отворените прашања и да го развива добрососедството кога за тоа има конструктивен партнер од другата страна, без негирање на базичните карактеристики на идентитетот на секој сосед. Веруваме дека сите отворени прашања во регионот можат да бидат надминати со еднаква конструктивност, во духот на европската соработка и добрососедството, врз основа на принципите на почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет, политичката независност и мирно решавање на спорови, истакна Милошоски и додаде дека  Македонија ќе ги вложи сите напори да изгради поволна клима во која ќе биде многу полесно да се изнајде заедничко прифатливо решение, дури и за најсложените проблеми.

Шефот на македонската дипломатија пред колегите од земјите членки на ЦЕИ посочи дека министерскиот состанок на ЦЕИ доаѓа во момент на битни политички настани од регионално значење.

Активностите во Централно-европската иницијатива, порача Милошоски, би морале да резултираат со заеднички став, којшто ќе биде еднакво валиден и за државите од источното партнерство и за државите од нашиот регион.

-  ЦЕИ досега беше и мора да остане и понатаму значаен двонасочен канал на комуникација со Европската Унија, низ кој членовите на ЦЕИ, едновремено членки на ЕУ, ќе бидат промотори на нашиот заеднички интерес за развивање и продлабочување на односите со Унијата, а во обратна насока изворно ќе ја пренесуваат нејзината политика за обединување, истакна македонскиот министер за надворешни работи.

Според него, секогаш треба да се има предвид објективно различното ниво на постигнати односи со ЕУ – од, како што рече, држава којашто, се надева наскоро ќе ги отвори и преостанатите поглавја од процесот на преговарање за членство и од држава со статус на кандидат, преку држави коишто го очекуваат тој статус, до државите коишто низ Источното партнерство ја трасираат својата поврзаност со Европа.

- Во овој контекст сакам да ја искажам подготвеноста на Република Македонија, во оваа комуникација да даде и дополнителен придонес, со оглед на фактот дека од мај годинава го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа, нагласи Милошоски. 
 
Најави поддршка и за Црна Гора во нејзиното  претседавање со ЦЕИ, а се осврна и на  додадената вредност на иницијативата, преку листата на активности кои ги поддржува во повеќе области, нагласувајќи ја големината на поддршката на проектите од културата.

Предвидено е македонскиот министер за надворешни работи да има одвоени средба со неговиот италијански колега Франко Фратини и со полскиот политички директор за безбедносни системи Кирил Козицки, а на маргините на состанокот ќе има и повеќе други билатерални средби.
 
Главна тема на состанокот на шефовите на дипломатиите на 18-те земји членки на ЦЕИ,  чие ротирачко претседателство годинава е под раководство на Црна Гора,  ќе биде зајакнување на регионалната соработка. Се очекува на конференцијата со која претседава црногорскиот министер за надворешни работи  Милан Роќан министрите да достават неколку водечки насоки за зајакнување на иницијативата.

Невозможно е решение под притисок
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга