Вторник, 07 Февруари 2012 21:56
Поминаа цели 24 часа откако Гордан Георгиев не најде храброст и достоинство да го погледне во очи неговиот партиски шеф Црвенковски и да го праша него и другите од раководството на СДСМ:кој контактирал со Артан Груби и како се организирале протестите на Разбуди се и Плоштад Слобода против проектот Скопје 2014та, а за кои денес во медиумите се појавија фотографии и заеднички флаери и повици за протестирање од тоа време?
И секако, важно е да запраша кој од СДСМ го контактирал Груби за настаните на скопското Кале?
Гордан многу ми е жал што твоите сопартици те доведуваат континуирано во ваква ситуација, да се бламираш пред македонската јавност и овој пат да бидеш соучесник во нивната намера да се заташка нешто, како што е признанието на Артан Груби.
Свесното извртување на изјавите на Претседателот Груевски и Димовски е доказ дека СДСМ се фатени во тесно како говорат невистини и ја замајуваат јавноста.
Наместо да се правда и да се вади од калта во која самите се заплеткаа, единствено што Гордан Георгиев треба да направи е да погледне околу себе, да собере храброст и да запраша кои се луѓето од неговата партија кои нарачувале меѓуетнички тензии.
СДСМ неможе да излезе од овој скандал се додека не ги открие тие луѓето. Се друго совен нивно јавно соопштување е обид на СДСМ тие да се заштитат.
Една безидејна партија со сериозен недостаток на човечки потенцијал како што е СДСМ очигледно дека својот успех на политичката сцена го гледа преку подбуцнување и креирање на тензии- социјални и меѓуетнички.
Ние нема да им дозволиме да го рушат правниот поредок. Апелираме да се надраснат себе си и да се отргнат од идеиите на една деструктивна група околу лидерот на таа партија, која заедно со лидерот драматично ја губат поддршката од своето членство и граѓаните.
истакна Александар Бичиклиски.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||