Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Општина Вевчани:Карневалот никогаш немал намера некого да навреди

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

opstina-vevcaniЛокалниот совет за превенција, на општина Вевчани изразува силен револт и протест против намерата одредени структури и поединци во општина Струга да го инволвираат Вевчанскиот карневал во срамни политички игри со кои се нарушуваат традиционално добрите меѓуверски и меѓуетнички односи во овој крај.

Ова се вели во заклучоците донесени по денешниот состанок во зградата на општина Вевчани, во врска со немилите настани што се случија во изминатиот период, што кулминираа со протестите во Струга ,а на кои како организатори се јавија Исламската верска заедница од Струга и градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко.

 Локалниот совет во заклучоците потенцира дека оваа манифестација нема намера никого да навредува.

„Вевчанскиот карневал кој што постои повеќе од 1.400 години никогаш во својата суштина немал намера да навреди никого. Претставувањето на најразлични маски и содржини од страна на учесниците на карневалот секогаш имале за цел во еден карневалски и слободарски дух низ доза на хумор да се претстават настаните и личностите без притоа да навредат некого. Карневалите како настани по својата природа претставуваат прикажување на една поинаква слика од реалната состојба, впрочем заради тоа секаде во светот карневалите се одржуваат само неколку дена во годината.
Од тука, на крајот изразуваме длабоко жалење што одредени поединци и групи не можат или не сакаат да ја разберат природата и суштината на карневалот како културна манифестација“, се вели во заклучоците од состанокот.

Понатаму се осудуваат вандалските постапки за сквернавење на црквите во Октиси, Боровец и Лабуништа и обидот за уништување на суверенитетот на Здравствен дом Вевчани.

„Апсолутно целосно се неприфатливи овие постапки и обиди за дестабилизација на безбедносната состојба во државата. Заради тоа, упатуваме апел до надлежните органи и институции да ги преземат сите правни чекори за расветлување на овие немили настани“, е ставот на локалната власт во Вевчани.

Локалниот совет за превенција на општина Вевчани изрази подготвеност да одговори позитивно на иницијативата од СВР Охрид за организирање на заедничка средба на која би земале учество Градоначалниците на Вевчани, Струга и претставници на СВР Охрид, а се со цел за надминување на настанатата ситуација.

извор: „Макфакс“

Општина Вевчани:Карневалот никогаш немал намера некого да навреди
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга