Недела, 05 Февруари 2012 15:37
Медијаторот Метју Нимиц чека одговор од Грција кога да го посети регионот.
Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски, на пуштањето во употреба на две лаборатории на Машинскиот факултет.
„Сега и Нимиц чека датум за кога да дојде и кога да биде примен, а не само Република Македонија“, рече Груевски.
Тој додаде дека со одредувањето датум за посета на Нимиц, Грција само купува време и дека всушност не сака да го реши спорот.
„Таквата политика на Грција е толерирана од меѓународната заедница или барем од главните сили во меѓународната заедница.
Ваквото некоректно и непринципиелно однесување и газење на меѓународните права и начела кое Грција го прави и ги доведува и другите во таква ситуација тоа да го прават.
Земјите членки на НАТО се доведени во ситуација тие да не го почитуваат меѓународното право“, рече Груевски, додавајќи дека таквата политика еден ден ќе и се врати како бумеранг на Грција
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||