Недела, 05 Февруари 2012 10:35
Седницата се одржува по само неколку дена откако актуелниот претседател Маријан Додовски соопшти дека партијата згаснува и дека тој и поголемиот дел од членството се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, почесниот претседател на партијата Љубчо Георгиевски ги негираше ваквите изјави на Додовски и најави консолидирање на партијата. „Љубчо Георгиевски ќе биде предложен за в.д претседател на партијата, се до свикувањето на вонредниот конгрес на кој се очекува Георгиевски официјално да биде изгласан за претседател на ВМРО-НП.
На седницата на ИК беше донесена и одлука со која украдените печати и штембили од партијата се прогласуваат за неважечки, со цел спречување на евентуални злоупотреби од страна на лицето Марјан Додовски“, соопштија од ВМРО-НП.
Дневниот ред на јавната седница на Централниот Комитет на ВМРО-Народна партија
1.Верификација на мандати на нови членови на Централниот Комитет
2.Исклучување на Марјан Додовски, Миле Јакимовски, Валентина Делиманчева Андреева од членство на ВМРО-Народна партија
3.Избор на Љубчо Георгиевски за в.д претседател на ВМРО-Народна партија
4.Разно
Центар за комуникации со јавност на
ВМРО-Народна партија
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||