Red Purple Black
Банер
Банер

Одбележани 140 години од раѓањето на Гоце Делчев

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

g.delcevpanihidaСо литургија и свежо цвеќе беа одбележани 140 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Митриополитот на Скопската епархија Кирил во панихидата за Гоце и за другите жртви од илинденскиот период рече дека не пожалиле херојски да умрат за слободата на татковината, „за да живеат овенчани со ореолот на вечна слава“.

 -Да ги почитуваме нивните пораки, аманети и совети, особено универзалната порака на сонцето на Македонија - Гоце Делчев: Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Нивните пораки да ги преточуваме во дело, за добробит наша и на македонскиот народ и за мир и благосостојба во саканата татковина Македонија, рече владиката Кирил на панихидата со која чиноначалствуваше архиепископот г.г. Стефан.

Пред саркофагот во дворот на Св. Спас цвеќе положија делегации од Кабинетот на Претседателот и од Собранието на Република Македонија, делегација на Владата, во која беа министрите за култура и за транспорт и врски, Елизабета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески, и заменик-министерката за правда Билјана Бришкоска-Бошковски, претставници од АРМ, Сојузот на борците од НОБ, од манифестацијата „Говеци денови“, организатор на чествувањето, од Град Скопје, МАНУ, Институтот за национална историја, од Скопскиот и Штипскиот универзитет, Матицата на иселеници, претставници на политички партии, општини и од училишта, организации и здруженија што го носат името Гоце Делчев.gdpanihida12

По повод годишнината од раѓањето на Делчев цвеќе беше положено и на неговите споменици на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк. Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.

gdelcev140

 Одбележани 140 години од раѓањето на Гоце Делчев
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга