Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Протести и контра-протести во Охрид

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

aco-zivi-ne-pogrebaДенеска активистите на СДСМ заедно со нивните директори и вработените во јавните претпријатија излегоа на протестот кој официјално беше организиран од НВО „Младински центар“. Биле револтирано од тоа што Охрид останал без болница.

Протест имаше и пред Општина Охрид. Таму пак видливо беше присуството на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ.

- Неодговорноста на надлежните од централната власт поред се на министерството за здравство оди до таму што безобразно ги занемаруваат сите барања и повици за изнаоѓање на времено решение на овој голем проблем, утврдување на точни рокови за довршување на реконструкцијата на Општтата болница, рече Маре Ристеска од невладината „Младински Центар“.

Учесниците на протестот од Министерството за здравство побараа во рок од еден месец надлежните институции, менаџерскиот тим на болницата и Министерството за здравство да обезбедат услови за непречено функционирање на одделението за гинекологија, хирургија, урологија, анестезиологија и одделението за уво, нос и грло, утврдување на крајни рокови за изградба на болницата, одговорност за сите инволвирано во, според нив, невидениот здравствен скандал, јавно да се обзнани како што, го нарекоа, криминалниот договор со бугарската градежна фирама која 15 месеци не се појавила на објектот, а заработила неколку милиони евра.

Протестантите од пред болницата побараа одговорните јавно да им се извинат на пациентите и здравствените работници. Во спротивно се заканија со нови протести и превземање на порадикални мери.
Меѓу бројните кои излегоа пред Општата болница беше и градоначалникот на Охрид Александар Петрески кој рече дека секогаш бил со граѓаните, па затоа дошол тука, а за тие кои протестирале пред општината, рече дека биле партиски послушници. Имало и такви граѓани кои сакале тука да дојдат но добивале закани дека ќе останат без работа, тврди Петрески.

- Немаше потреба да се руши. Требаше да се изгради нова болница во која ќе се преселеа одделенијата без кои сега останавме, рече Пертрески, кој им верувал во ветувањта на министерот Никола Тодоров дека за година дена ќе се изгради болницата, но само затоа што тогаш биле локалните избори.

Само половина час подоцна, вработените од подрачните министерства и директорите поставени од страна на ВМРО-ДПМНЕ заедно со членството од оваа партија се собраа пред општината. Незадоволни биле од поскапувањето на комуналните давачки.

Од Здружението „Христо Узунов“, кое беше формален организатор на протестот велат дека се незадоволни од начинот на кој некој сакал да ја продаде „Проаква“.

- Општина Охрид како подносител на продажбата заедно со градоначланикот е директно одговорна. Бараме да се стопира тој продес со странските партнери, градоначалникот Петрески да се повлече од процесот на преговори и да не планира на сметка на граѓаните да си овозможи корист за себе, вели Славчо Ристески од „Христо Узунов“.

Од таму му замерија на Петрески што јавно застанал зад протстите во болницата, заедно со членството на СДСМ и вработените во јавните претпријатија. И тие сетаат дека луѓето излегле пред болницата само затоа што биле под притисок дека ќе ги изгубат работните места.

Протести и контра-протести во Охрид
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга