Сабота, 04 Февруари 2012 15:17
Најголемиот тројански коњ на овие избори е СДСМ, потенцира Андреј Жерновски во интервју за Капитал.Претседателот на ЛДП во интервјуто посочува дека СДСМ направи сценарио како со Илинденското востание кое предвремено избувна, така и со изборите кои самата партија ги побара.
-Исклучително сум лут на СДСМ за ова, потенцира Жерновски.
Во интервјуто за Капитал, тој ја коментира најавата на Црвенковски за формирање на широк опозициски блок. Потенцира дека за него обединување под капата на СДСМ е осудено на пропаст. Во такво обединување, ЛДП, нема да учествува.
-Таа идеја за обединување на целата опозиција има поддршка од меѓународниот фактор. Ние имаме многу добри контакти со нашите сестрински партии. Идејата е интересна. Во моментов нема потреба од нешто такво, годинава немаме избори. Ако тенденцијата е сите да се обединиме под капата на СДСМ тоа е однапред осудено на пропаст и никако нема да учествуваме. Мора таа соработка да биде рамноправна. Идејата е далеку од реализација. Се согласувам дека поради начинот на владеење на Груевски мораме да настапиме обединети. Она што сакам да видам е предизборна коалиција на обединета опозиција со вклучени партии од албанскиот блок, истакнува Жерновски во посоченото интервју.
За улогата на Георгиевски во ваквото обединување, Жерновски само наговестува дека има некакви контакти меѓу Георгиевски и Црвенковски.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||