Петок, 03 Февруари 2012 18:07
Според еден извештај на ЦИА од 1949 година, кој до скоро имал статус на врвна тајна, Америка сметала на повеќе опции во тогашната Југославија, меѓу кои и Македонци да се обидат да формираат независна држава, пишува Chris Deliso за „balkanalysis.com“, анализирајќи го извештајот.
Во извештајот на 12 страници, насловен „Проценка на способноста на југословенскиот режим да се спротивстави на советскиот притисок во 1949“, кој носи датум 20 јуни 1949 година, јасно се зборува за Македонци.
Тој бил подготвен за шефовите на разузнавачките служби на армијата, морнарицата и воздухопловните сили на САД, за заменик директорот за разузнавање на Заедничкиот генералштаб, како и за специјалната служба за истражување и разузнавање потчинета на Државниот секретар, за директорот за безбедност и разузнавање на Комисијата за атомска енергија, за Помошник директорот за прибирање и распространување на ЦИА. Во вистински дух на Студената војна, извештајот ја содржи и препораката „Да се изгори после читањето“.
Во извештајот голем дел се посветува на можноста за појава на отпор кон Тито, кој по дефиниција, во сите варијанти е врзан за комунисти. Се вели дека главната опасност од малцинствата во Југославија е во тоа што тие би можеле да станат цел на пропаганда од Советите „да го урнат Титовиот режим за што би добиле привилегиран третман“ од Советскиот Сојуз.
Со други зборови, пишува Делисо, сецесионистички настроените националисти би претпочитале статус на држава зависна од тврдокорниот комунизам со националистички бои наспроти мекиот комунизам на Тито, којшто исто така дозволувал симболична доза на национализам.
Некогашниот таен извештај одбележува дека „одредени малцински групи“ во Македонија, Црна Гора и другите југословенски републики би се стремеле да го отфрлат Титовиот режим. Македонците се наведени по име, додека другите, како Албанците, Хрватите и Србите не се споменати.
Сепак, извештајот вели дека според проценките „прогласувањето на независна Македонија“ би имало слаб успех кога станува збор за придобивање поддршка од значителен број југословенски Македонци“.
Затоа ЦИА заклучува дека прогласувањето независност поради тоа „не е веројатно дека би се случило, барем не во блиска иднина“. Во извештајот не се зборува поподробно зошто Македонците не би поддржале создавање независна држава, што раѓа двоумења.
извештајот од 20јуни 1949 (.PDF), и тези (.PDF)
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||