Петок, 03 Февруари 2012 17:43
У
тре ќе бидат одбележани 140 години од раѓањето на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев.
По тој повод цвеќе на вечниот дом на Делчев во црквата Св.Спас во 11 часот ќе положи претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева. А по оддржувањето на Литургијата на Македонската православна црква, цвеќе ќе положат и високи државни и странски делегации.
Во црквата каде почива македонскиот херој ќе настапи и мешаниот градски хор под диригентската палка на Илија Атанасов.
Во 12 часот цвеќе ќе се положи и на споменикот на Гоце Делчев на плоштадот Макеоднија, половина час подоцна и на неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.
Ѓорги Делчев е еден од четворицата синови од девет деца на Никола и Султана Делчеви на 4 фебруари 1872 година во село Кукуш. Мајка му нагалено го викала Гоце, па оттаму останува и така запамтен.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||