Петок, 03 Февруари 2012 13:16
Бранко Црвенковски криел имот на Корчула. Иако имал обврска тој во анкетниот лист не го пријавил имотот на својата сопруга на хрватскиот остров.
„Се потврди сомневањето дека сопругата на Црвенковски има имот на хрватскиот остров, кој лидерот на СДСМ, како избрано лице имал обврска да го стави во анектниот лист. Со оглед на тоа дека не го ставил вбо анкетниот лист, Комисијата за спречување на корупцијата ќе поднесе две иницијативи.
Иницијатива за поведување прекршочна постапка до надлежниот прекршочен суд и иницијатива за проверка на имотната состојба на Црвенковски, до Управата за јавни приходи“ - изјави на денешната прес конференција, Претседателот на Комисијата за спречување на корупција, воислав Зафировски
Доколку Судот пресуди дека Црвенковски го прекшил законот за спречување на корупцијата, тој ќе одговара прекршочна, а предвидената казна е меѓу 500 и 1000 евра. Покрај ова, на барање на антикорупционерите, УЈП ќе го провери и целиот имот на лидерот на СДСМ. Доколку се докаже дека располага со имот кој не можел да го купи со своите прамања, Управата за јавни приходи ќе му го оданочи со 70%.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||