Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Црвенковски од Кавадарци прашува каде е Македонија после 6 години Преродба

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

branko-crvenkovski.jpg-500„Ова колективно глумење на нормалност во ненормални услови мора да го прекинеме. Ние од СДСМ од пред неколку недели почнавме уште една битка за вистината, против стравот, битка за иднината на Македонија. Ќе ја поминеме цела Македонија и по неколку пати за да им ги дадеме на граѓаните вистинските информации што се случува во Македонија “, рече Црвенковски

 Црвенковски праша каде е Македонија после 6 години Преродба.

„Македонија е земја со рекордна невработеност и сиромаштија. Министерот за труд самиот јавно соопшти дека од Агенцијата за вработување се избришани 80 илјади граѓани со разни административни трикови и бариери. И покрај сето тоа повторно има 32 проценти невработеност“, рече претседателот на СДСМ.

Црвенковски посочи дека цените на основните продукти и сметките постојано се зголемуваат од ден по ден.

„Во изминативе 6 години струјата се зголеми за 45 проценти, парното за 100 проценти, нафтата и бензини за 30 проценти, дрвата за греење за 60 проценти, брашното за 40 проценти, лебот за 25 проценти, зејтинот за 45 проценти, шеќерот за 40 проценти. Е за толку сме сите ние посиромашни. За тоа не ни треба Завод за статистика, туку доволно е да отидеме во продавница и да му отвориме врата на инкасаторот“, истакна тој.

Македонија е земја во која најмизерно се живее и тоа е ставот на најугледниот економски магазин „Економист“. Владата само во последните 4 месеци ја укина социјалната помош на 7.500 фамилии.

„Вкупниот број на блокирани сметки на граѓани и фирми во 2006 година кога Груевски стана премиер според податоци на НБРМ изнесуваше 11.710 сметки. На крајот на минатата 2011 година тој број изнесуваше 120.000 блокирани сметки“, посочи Црвенковски на трибината.

Во Македонија владее едноумие, а единствени здравствени реформи се што министерот Тодоров ноќе оди по болници да проверува дали докторите и сестрите пушат или не. Но, тоа што највеќе ме револтира, посочи Црвенковски, е што власта сака дебатата за „Скопје 2014“ да ја претвори во дилема дали некоја градба ни се допаѓа повеќе или не и дали некој споменик е добар.

„Клучното прашање е дали земја која е прогласена за светски шампион во мизерија, треба да троши пари за споменици? Овие од власта не го прават тоа од што се големи љубители на уметноста или затоа што не ги знаат маките на народот. Единствената причина поради која се прават споменици е криминалот. Затоа имаме најскапо платени споменици и фасада“, рече Црвенковски пред кавадарчани.

Луѓето во власта и ВМРО-ДПМНЕ меѓу себе си зборуваат дека народот разбира само стап. Ама стапот има два краја и тоа власта го заборава, рече Црвенковски на вчерашната трибина.

Спорот со Грција се користи само како изговор и алиби. Груевски не сака да влеземе во НАТО и ЕУ.

„Ако станеме членка на НАТО и ги почнеме преговорите во ЕУ ќе се истурат делегации, мониторинг ќе има што се случува во државата. Ќе му речат не може вака со медиумите, со судство и администрацијата. Груевски не го сака тоа. Тој сака да продолжи да владее со Македонија како да е приватна држава, како да е наследство од мајка му и татко му. Додека е оваа власт да заборавиме на НАТО и ЕУ“, истакна Црвенковски.

Пратеникот во Собранието од редовите на оваа партија, Борче Ставров на трибината ја обвини власта дека го уништи лозарството во Тиквешијата.

„Цената на грозјето падна од 15 на 5 денари. Не е исплатена реколтата за 2009, 2010 и 2011 година. Субвенциите за лозарите за 2011 година сеуште не се исплатени“, рече Ставров пред своите сограѓани.

Црвенковски од Кавадарци прашува каде е Македонија после 6 години Преродба
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга