Четврток, 02 Февруари 2012 16:46
Денес Македонија ја зафати Снежен бран.Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива во зимски услови поради врнежи од снег во земјава, информираат од АМСМ.
15 сообраќајни несреќи се случиле на скопските улици од полноќ до 13 часот денеска. Како што информираат од СВР Скопје, во несреќите, само две лица се здобиле со телесни повреди. Во останатите сообраќајќи, прилчинета е само материјална штета. Главна причина за тоа е интензитетот на снежните врнежи, кој и покрај интервенциите на зимските служби, се задржува на коловозот.
Ова особено се однесува за повисоките планински превои. Забрани за тешки товарни возила има на патните правци: Р 409 Крак Маврово – Дебар, правец Струга – Ќафасан, Струга – Дебар, Македонски Брод – Прилеп (планински превој Барбарас), потоа планинските превои Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека. За сите останати моторни возила задолжителна е употребата на зимска опрема.
На патниот правец Крива Паланка - Деве Баир воведена е забрана за тешки товарни возила а зимската опрема е задолжителна за остнатите видови на моторни возила. Поради ниските температури на планинските превои, клисурите и мостовите можна е појава на голомразица. Посебна внимателност на патниот правец Дебар – Струга (Р418) поради почеста појава на одрони.
На возачите им се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||