Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Ахмети: Oпозицијата води лицемерна политика

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

ahmeti-dnevnikЦрвенковски пред изборите имаше разбирање за затворањето на хашките предмети, а подоцна ги злоупотреби за дневно политички интереси. Лидерот на ДУИ во интервју за Дневник открива, опозицијата води лицемерна политика обидувајќи се да ја сокрие поддршката која ја даде за овој закон пред изборите.

-На добро разбирање наидов кај Тито Петковски. Имав разбирање и од Бранко Црвенковски. За затворањето на хашките предмети разговарав со сите лидери на партиите пред изборите , а сега македонската опозиција, тоа прашање политички го злоупотребува – вели Ахмети во интервјуто за Дневник.

Во врска со евроатланската интеграција на земјата, Ахмети не се согласува со ставот на опозицијата дека Груевски не направил ништо.

-Од Никола Груевски може да се побара да направи повеќе, но не може да се каже дека нема направено ништо. Направени се максимални напори. Би се согласил со опозицијата дека може повеќе да се направи и треба да продолжиме да бараме решение за спорот за името оти нам ни е потребно да бидеме дел од евро-атлантските структури. ДУИ, ако не може да направи значајни работи за граѓаните, никако нема да прави лошо. Нема да правиме сценарија и режии за земјава да ја доведеме во длабока политичка криза – вели Ахмети.

Тој признава дека спласнал неговиот оптимизам за брзо решавање на спорот за името, а како причина за тоа ја наведува незаинтересираноста на Брисел и официјална Атина

-Да бидам искрен, бев оптимист дека спорот за името ќе се реши. Треба да прифатиме дека имаше напредок, средби на премиерите и министрите, писма меѓу Македонија и Грција, но ситуацијата не се одвиваше во наша полза. Колку што се доближувавме до решавањето на спорот, толку внатрешните притисоци во Грција се зголемуваа, а се зголемуваа и контрадикциите во ЕУ поради кризата. Прашањето за спорот за името, кое за нас има големо значење, за Атина и за Брисел беше целосно надвор од агендата и ова беше разочарувачки за мене. – вели Ахмети за Дневник

Ахмети: Oпозицијата води лицемерна политика
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга