Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Рокот за замена на старите лични карти истекува на 27 февруари

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

nova-licna-karta Министерството за внатрешни работи потсетува дека рокот за замена на старите лични карти со нови биометриски истекува на 27 февруари следната година.Според измените и дополнувањата на Законот за личната карта, издадените лични карти пред денот на стапѕување во сила на овој закон ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдолго до пет години од денот на влегување во сила на законот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Согласно Законот за патните исправи, пасошите издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон, продолжуваат да важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во пасошот, но најдолго пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон, односно старите небиометриски пасоши важат до 27 февруари следната година.

Сите дополнителни информации граѓаните може да ги побараат на веб страницата на Министерството за внатрешни работи (www.moi.gov.mk) или да се обратат до подрачните единици на МВР, според нивното живеалиште.

Закажувањето за поднесување барање за издавање лична карта и патна исправа граѓаните со живеалиште во Скопје го вршат преку бесплатниот телефонски број 080019292.

Граѓаните кои немаат важечка лична карта (изминат рок, изгубена) можат без закажување веднаш да поднесат барање за издавање на нова во подрачните единици на МВР, се вели во соопштението

Рокот за замена на старите лични карти истекува на 27 февруари
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга