Недела, 20 Ноември 2011 01:41
Го ризикувам животот што одам во таа земја, ја претставувам ЕУ, ги држам високо грчките линии, не реков дека се говори овој јазик во Грција. Сакав да кажам дека туристите кои доаѓаат, знаете колку скопски туристи доаѓаат, значи им го знаеме јазикот, говорат еден бугарски дијалект, изјави Шацимаркакис.
Македонски -зборот како што се изговара во нашиот јазик, а не преведен на странски јазици- според Шацимаркакис е термин прифатен и од грчката влада. Германскиот европарламентарец, за радиото 9 објаснува што се случило при неговата посета во Скопје и на кој јазик им се обратил на Македонците.
- Јас зборував македонски, а македонски е термин што е прифатен од грчката влада. Не реков никогаш ниту macedonian ниту македоники
Сакам да ви кажам дека си ја работам мојата работа, го ризикувам животот што одам во таа земја, ја претставувам ЕУ, ги држам високо грчките линии, не реков дека се говори овој јазик во Грција. Сакав да кажам дека туристите кои доаѓаат, знаете колку скопски туристи доаѓаат, значи им го знаеме јазикот, говорат еден бугарски дијалект, изјави Шацимаркакис.
На грчката јавност, преку радиото 9, и објасни дека во Скопје е црна овца, го имаат сите на тапет и го мразат, па затоа последната посета ја поминал со 24 часовно обезбедување од 3 лица. Но не само Македонците, Шацимаркакис смета дека и Грците не го сакаат многу.
- Некој во Атина, намерно, ја делеше пораката од скопјаните против мене. Тоа беше со цел, некој со некаква цел го направи тоа и тоа од ултрадесичарскиот блок на Самарас, рече Шацимаркакис.
Шацимаркакис, претходно испрати писмо до грчките медиуми во кое објаснуваше дека во скопје зборувал за македонски јазик со кирилична транскрипција, без да го преведува на англиски како „macedonian“ или на друг странски јазик.
Извор Канал 5
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() CALM | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||