Недела, 13 Јуни 2010 20:38
Република Македонија нема да се откаже од зацртаната стратешка определба за влез во ЕУ и НАТО и по претстојниот самит на ЕУ во Луксембург.
-Ние имаме правец и нема да се откажеме од ништо што е зацртано како стратешка определба на Република Македонија, изјави премиерот Никола Груевски одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на Гостивар.
Тој истакна дека независно што ќе се случува со проблемот за името и блокадите од страна на Грција, Македонија ревносно ќе продолжи да ги исполнува сите зацртани реформи во делот на модернизација на државата, но и во делот на подготовка на земјата за полноправно членство во ЕУ. - Ние нема да го губиме времето и да чекаме некој ден да почнат преговорите, напротив ќе продолжиме со работа исто како да сме добиле датум за преговори.
Според премиерот охрабрувачки е што во новиот извештај на членови на Европската комисија има голем прогрес во делот на информатиката, борбата против корупцијата и криминалот, делот на социјалната заштита и економија, но и генерално во повеќе области охрабрува. Тој вели дека сепак се уште има слабости кои може да се подобруваат и оти се целосно фокусирани на нив.
И во однос на реформите во судството, смета дека има одреден напредок и посочи, дека и во последниот извештај што го дадоа експерти од ЕК се вели дека има крупен прогрес во спроведувањето на судските реформи во брзината и ефикасноста на системот и оти тоа покажува дека напорите што биле вложени дале резултати, но, смета премиерот, има одредени слабости кои може да се подобруваат на кои се целосно фокусирани.
Тој најави дека со група закони кои следуваат ќе дојде до дополнително подобрување на ефикасноста и се надевам дека во следниот извештај на ЕК ќе биде забележано подобрување бидејќи законите кои ги работиме се во соработка со нивни експерти.
За тоа до каде се реформите во казнената политика, премиерот Груевски рече дека се опфатени најважните закони и оти се направени значајни промени. - Таму каде што станува збор за загрозување на живот нема да има намалување на казните, но во многу дејности ќе има одредени намалувања. Засега висината на казните ќе остане иста за да не дојде до стимулација никој да не ја прекршува казната, изјави премиерот.
За законот за извршување, премиерот смета дека тој генерално е добар и оти треба да спроведе во друг период. Тој информира дека разговарал со група пратеници од мнозинството во Парламентот кои планираат веќе утре да покренат негово пролонгирање. За во врска со тоа како ќе се наплаќа во средини каде полицијата нема пристап, премиерот истакна дека чекор по чекор и оти и во такви средини почнуваат да се спроведуваат законите како и во останатите места.
Со ребалансот на Буџетот за 2010 година, најави премиерот дека ќе има одвоено средства за спроведување на проектот енергетска сиромаштија, односно граѓаните приматели на социјална помош во септември ќе добиваат дополнителни 600 денари за покривање на трошоците за енергија. - Мислам дека тоа ќе биде успешен проект кој значително ќе им помогне на повеќе десетици илјади граѓани приматели на социјална помош. Ова го правиме во исклучително тешки услови на светска економска криза која има влијание и во Македонија, истакна премиерот.
Премиерот Груевски за спроведување на екстерното тестирање рече дека информациите се оти тој се одивал одлично без сериозни слабости и добра подготвеност од страна на државните институции. - Пралелно со матурата, појасни, се одвива и пробен тест за екстерно тестирање, а законите кои беа донесени оваа година и со нив се овозможува во 2010/2011 година да имаме повторно екстерни тестирања. Цврсто верувам дека ќе придонесат за зголемување на знаењето на учениците и нивна подобра подготвеност за натамошните предизвици во животот. Деновиве вршевме тестирање на значаен процент од учениците за да видиме како ќе функционира системот од следната година, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Гостивар
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448