Недела, 13 Јуни 2010 08:02
Спомениците на словенските просветители Свети Кирил и Методиј и на нивните ученици Свети Климент и Наум Охридски денеска беа поставени покрај Камениот мост во Скопје на левата страна на реката Вардар, со што продолжува реализацијата на проектот СКОПЈЕ 2014
.Се уште нема точни информации кога ќе бидат поставени бистите на албанските национални херои и кои ќе бидат тие. Албанскиот претставник во владата, ДУИ, вели дека ќе се постават три фигури на албански херои , а нивните имиња и вредноста на спомениците ќе бидат познати откако ќе заврши тендерот за реализација.
Дознаваме дека согласно политичкиот договор што ДУИ го постигна со коалициониот партнер, ќе се постават 5 или 6 споменици на албанските фигури на мостот „ Око“, како и во музејот на националната ослободителна борба што исто ќе биде изградени во рамките на проектот „ Скопје 2014“.Инаку спомениците на словенските просветители што денеска се поставени се лиени во бронза во леарницата Фрокаро арте Виченца во Италија.Авторот на споменикот на Свети Кирил и Методиј е Жарко Башески и тој чини 540 илјади евра, а на Свети Климент и Наум е Перо Кованцалиев и чини 580 илјади евра.
„ Сега сме во подготовка на процедуралните предуслови и објавувањето на тендер за понуди или за идејни проекти потоа објавување на тендер за реализирање што веруваме дека ова ќе биде до крајот на годината кога очекуваме да биде поставена првата каде потоа зависно од динамиката ќе бидат поставени и другите.Важно е дека имаме договор и дека се направени измени на овој проект за кој се зборуваше многу во јавноста“- Шефик Дураку, портпарол на владата.
Инаку спомениците на словенските просветители што денеска се поставени се лиени во бронза во леарницата Фрокаро арте Виченца во Италија.Авторот на споменикот на Свети Кирил и Методиј е Жарко Башески и тој чини 540 илјади евра, а на Свети Климент и Наум е Перо Кованцалиев и чини 580 илјади евра

| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448