Петок, 11 Јуни 2010 22:47
Љубчо Георгиевски, почесниот претседател на ВМРО-НП, ќе поднесе приватна кривична тужба против дневниот весник „Бизнис“ и против СДСМ, поради изнесување невистини
„Македонската јавност е сведок дека во моето досегашно дваесетгодишно присуство на општествената и политичка сцена, како личност секогаш сум бил отворен и подготвен да дискутирам и полемизирам на најразлични теми. Во овој период во јавноста за мене лично и за моето семејство имало секви обиди за атак на нашите личности, но секогаш сме останувале принципиелни и сето сме го толкувале како дел од македонскиот плуралистички фолклор“, вели Георгиевски во соопштението испратено до медиумите.
На дневниот всник „Бизнис“ Георгиевски му замерува што на 10. 6. 2010 година во четврточниот број, на насловната страна, на втората и на трета страна „се изнесени груби невистини и клевети“ за него.
„Во текст, во кој никаде не стои кој е автор или дека е текст на уредувачкиот тим, се врши груб атак на мојата личност и врз моето семејсто, Од овие причини ќе поднесувам приватна кривична пријава за клевета до дневниот весник Бизнис“.
Георгиевски ќе поднесе приватна кривична тужба и против СДСМ за содржините во платениот политички оглас од таа партија.
„Од страна на СДСМ, се наведуваат невистини и лаги, каде во дел од платениот политички оглас, се истакнува наводна моја изјава за настаните од 2001 година. Бидејќи таква изјава немам дадено и со неа се врши груба манипулација со јавноста, исто така и до политичката партија СДСМ ќе поднесам приватна кривична пријава за навреда и клевета“, вели Георгиевски.
Инаку, дневниот весник „Бизнис“, коментирајќи ја изјавата на Георгиевски во која кажува дека ја советувал НБРМ да купи злато, како што тој направил, во време на оваа економска криза, објавува текст со наслов: „Љубчо Георгиевски тежи близу 100 милиони евра“, и дека “сиромашниот студент“ ја имал ОКТА како „златна кокошка“.
СДСМ пак во својот оглас тврди дека Георгиевски изјавил дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на бугарофили.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448