Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Македонија е под силен притисок за името

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Македонија е под силен притисок од меѓународната заедница за итно решавање на спорот за името со Грција, изјави во Охрид министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

- Од Македонија се очекува со прагматичност да ја плати непрагматичноста на Грција, односно со разумно однесување да го платиме неразумното и агресивно однесување на Грција, вели Милошоски.

Според него, Грција ја злоупотребува и понатаму својата позиција па дури и во рамките на меѓусебниот билатерален македонско-грчки дијалог каде се обидува да ги диктира разговорите, да наметне свое решение наместо да остави простор за заедничко решение.

Милошоски не сакаше да прогнозира што ќе се случи на јунскиот Самит на ЕУ во Брисел, но рече дека ова прашање ќе биде актуелно и понатаму. Македонската Влада, порача министерот за надворешни работи, ќе се обиде на земјава во наредните неколку месеци да и обезбеди поповолни позиции и пристап во натамошните преговори.

Милошоски очекува најголема поддршка од Австрија која, според него, имала посебно разбирање за македонските позиции во спорот со името.

Нимиц е во контакт со Скопје и Атина, не открива за што се разговара и дали ќе закаже формална средба

Медијаторот Метју Нимиц е во контакт со претставници на Македонија и на Грција, но засега нема да открива детали за што се дискутира. Нова формална средба ќе закаже кога ќе оцени дека е потребна, информира прес-службата на ОН.   

- Амбасадорот Нимиц има многу чести контакти со двете страни, но нема да одговора на конкретни прашања за содржината на разговорите. Тој ќе ја следи вообичаената пракса да закаже формална средба ако и кога ќе смета дека е потребна, вели во писмената изјава заменик портпаролот на Светската организација Ари Гаитанис.

Последните формални контакти на Нимиц со македонските и со грчките власти беа во февруари годинава кога по пауза од седум месеци ги посети Скопје и Атина. На 28 април во Њујорк, според прес-канцеларијата на ОН, имал и одвоени средби со  претставниците на двете земји во разговорите за името Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, кои беа оценети како вообичаени консултативни контакти во рамки на неговиот мандат.

 


Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга