


Четврток, 25 Јуни 2009 20:09
Македонија

Нова динамика во преговорите со грција за името најавува шефот на макеоднската дипломатија Антонио Милошоски.
Од неговиот словачки колега, кој е во посета на земјава Милошоски доби поттик за решавање на спорот што би значело и непречен пат за евроинтеграциите на земјава
Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак кој престојува на официјална посета во земјата, по средбата со неговиот домаќин изјави дека отворените билатерални прашања не можат да бидат пречка за процесот на евро - интеграција.
„Сметаме дека билатералните недоразбирања, како што гледаме проблемите меѓу Грција и Македонија , како и меѓу Хрватска и Словенија, не треба да претставуваат проблем или пречка за интегрирање во Европа. Но, тоа не го менува фактот дека проблемот постои и дека треба да се реши. Словачка сака да се изнајде прифатливо заедничко решение, кое би помогнало за ЕУ интеграциите и НАТО. Во овој контекст Словачк како членка на НАТО и ЕУ ги поддржува обидите на посредникот Нимиц“ изјави Лајчак.
Милошовски, најави нова динамика во дијалогот со Грција, за името. Тој очекува на конференцијата на министри на ОБСЕ која ќе се одржи на Крф, Грција, да се сретне со грчките претставници.
„Покрај набиената агенда очекуваме да имаме прилика да оствариме средба со нашите грчки колеги за да можеме ние како министри да го дадеме нашиот придонес во развивањето на нова динамика и темпо во однос на дијалогот што го имаме со Република Грција , акој го води господинот Нимиц.
Македонија е подготвена конструктивно да продолжи да пристапува во овој дијалог и очекуваме и од Република Грција ќе ја видиме соодветната конструктивност што може да го придвижи процесот“ рече Милошоски.
Лајчак и Милошовски, потпишаа Спогодба од областа на одбраната и за економска соработка, односно поттикнување на инвестициите. Лајчак за време на неговиот претстој во Скопје се сретана и со премиерот Никола Груевски и со спикерот на Собранието Трајко Велјановски.